МЕТАМОРФОЗА 12340

PIŠE: HRISTIJAN MLADENOVSKI
FOTOGRAFIJE: STEFAN SOKOLOVSKI

Метаморфоза 12340 е деконструктивна avant-garde колекција, инспириана од инсекти кои се подложни на овој биолошки процес кој вклучува впечатливи промени во структурата на телото. Како таков, процесот на метаморфоза е клучен за правилниот развој на нивниот животен циклус. Колекцијата се состои од 4 модели, кои се изработени со огромна емоција. Боите заедно со формите се наменети да го претставуваат гореспомнатиот процес на метаморфоза. На пример, во случај на пеперутка, метаморфозата се одвива во четири различни фази: 1) јајце; 2) ларви; 3) кожурец; и 4) пеперутка. Затоа, името на колекцијата, Метаморфоза 12340, е репрезентативно за овие четири фази. Присуството на 0 на крајот од името симболизира бесконечен круг на континуирано раѓање и смрт. Текстурите на материјалите го претставуваат растителниот свет. Во прилог на ова, процесот на метаморфоза симболизира преродба. Согледно на тоа, во преносна смисла, инспирација се црпи и од луѓето кои припаѓаат на квир заедницата. Во таа смисла, квир луѓето се пример за уште една група која претрпува повторно раѓање со прифаќањето на својот вистински идентитет, што им овозможува почеток на нов живот. Исто така, колекцијата црпи понатамошна инспирација од поимот на емоционални нарушувања и нивното разглобување на емоции. Инаку колекцијата е исполнета со маски или чорапи, наменети да го покријат лицето како моден додаток. Едиторијалот е инспириран од елементите на вода и земја кои му даваат живот на растителниот свет.