ПИШЕ: SHQIPE MEHMETI
ФОТОГРАФИЈЕ: МИА МЕДАКОВИЋ
Изложбата „Будење 3 (Awakening 3)“ и оваа година се организира по повод – Меѓународниот ден на жената 8 Март, со сета индивидуална и колективна борба што му претходела на овој ден и борбата што се уште трае во различни сегменти во општеството.
Таа е во директна релација со личните женски позиции бидејќи големата револуција за ослободување на жените не е завршена, таа штотуку почна! Имајќи ги предвид илјадниците години на женска потчинетост и владение на мажите, времето на слобода и рамноправност на жените е нова и кревка придобивка на една генерација што мора да се негува, да се продлабочува и да се шири од цивилизациските центри кон периферијата на светот. Револуционерните промени во развиените општества се придобивки кои не ги споделуваат сите жени. Сеуште постојат места каде жените се без име и идентитет. каде на жените им е забрането да бидат личност и каде кога се личности тоа ги застрашува мажите кои стануваат агресивни соочени со својата несигурност пред жените кои се свесни за себе. Сеуште денес во ова време на напредок има места каде жените се третираат како машини за репродукција на човештвото и како корисни машини за обработка на почвата или за индустриско производство во фабриките иако формално ги имаат истите права на образование и работа како мажите. Сеуште заостанатата средина и традицијата врши притисок на жените да се повлечат во анонимност и општеството манипулира со нивните животи. Сеуште постајат места каде дури и кога жените формално имаат законско право на еднаквост со мажите тие се третирани лицемерно со потценување и одново се туркаат во темнината надвор од јавната сцена како пасивни употребни предмети без право на индивидуализација и без можност реално да ги остварат своите законски права кои така тешко ги извојуваа.
Темата на изложбата која се повикува на темата за Меѓународниот ден на жената, 8 март нa UN Women, «Gender equality today for a sustainable tomorrow» e посветена токму на ослободувањето на жените кое започна и на револуцијата што не е завршена. Живеејќи во општество каде жените ги обезбедиле своите законски права и се формално еднакви со мажите не значи дека живееме во слободно општество на остварени права на жените.
“Будење 3” претставува уште една можност за мобилизирање на глобална акција за постигнување родова еднаквост и човекови права на сите жени и девојчиња.
Изложбата е дел од 13 изданије на фестивалот «ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИ ПРАВА», поддржан од град Скопје, UN Women – Скопје, организатор – Авард филм и видео во соработка со Универзитет «Еуропа прима».
Уметници кои учествуваат на изложбата:
- Миа Медаковиќ Топаловиќ (Србија)
- Марина Ќориќ (Хрватска)
- Диана Томиќ Радеска (С. Македонија)
- Жанхог Лиао (Кина/Холандија)
- Вана Урошевиќ (С. Македонија)
- Лаура Брахими (Косово)
- Јана Манева Чупоска (С. Македонија)
- Марија Сотировска (С. Македонија)
- Марија Ветероска (С.Македонија)
- Јелена Медиќ (Р.Србија, Босна и Херцеговина)