in

100 ПАТИШТА А ЕДНА ЦЕЛ

АВТОР: СИМОНА ПЕТРЕСКА
ФОТОГРАФ: КИРЕ ГЕЛЕВСКИ

Се што постои на оваа планета е божествена креација, а најсовршена од сите божествени креации е човекот. Секој човек поседува личен печат со уникатна убавина, телесни карактеристики, специфични линии на своите прсти, различни желби, потреби, професии, мисли, ставови, уверувања, навики и однесувања. Сите луѓе, секој поединец, се што прави, прави за да ја пронајде својата среќа или барем за момент да ја почувствува таа среќа. Среќата е една од најсуштинските емоции кои даваат смисла на вашиот живот. Секој треба да биде среќен, но таа да не се гради врз нечија несреќа. Чувството на среќа добиено на тој начин е моментално и тоа чувство не е вистинска среќа, таа е илузија која брзо исчезнува. По нејзиното исчезнување повторно ве обзема чувството на несреќа, само овој пат уште посилно бидејќи на вашите плеќи ја носите и несреќата која сте ја предизвикале кон некој друг.

Со живеење живот исполнет со емоции на љубомора, завист, одмазда, бес, гнев, посакување на нешто што е туѓо, вие се тргате од вашиот духовен пат и се тргате од вашата вистина на постоење. Наштетувајќи му на друг со вашите мисли, зборови и однесување вие повеќе си наштетувате на самите себеси, тоа е исто како да испиете шишенце со отров, а да очекувате некој друг да се отруе. Губејќи ја вистината на постоењето, ја губите смислата на животот, а со тоа привлекувате кон себе многу несреќи и неуспеси.

Луѓето гордо ги покажуваат своите достигнувања и своите успеси чувствувајќи се супериорно над другите кои не ги сметаат на себе рамни, а ја губат својата душа, се губат над своите мисли, искреноста на своите зборови, однесување и своето срце.

Целото однесување на поединецот и човекот воопшто е наметнато од некои повисоки земјени сили кои пропагираат луѓето да се поддржуваат едни со други, да нема војна, гладувања, даваат до значење дека секој човечки живот е важен, но остануваат само на празни зборови без никакво делување. Дури и многу научни исражувања што се прават се потикнати од лични интереси и само за лична добивка со што се губи и смислата на науката која треба да постои за да создава изуми кои ќе го олеснат живеењето на човештвото. За многу нешта покажуваат разум, знаење и умеење, а за друго крајна неразумност.

Секој сака да го менува светот и сака да живее во некој идеален свет, но секој чека тоа да го направи некој друг место него, некој друг да го менува светот по желбата на самиот поединец. Вистината е дека сите ќе живееме во поубав свет доколку почнеме да се менуваме ние самите од внатре за убавината да се рефлектира кон надвор. Сакате да озборувате, но не ви е убаво кога ве озборуваат, сакате да бидат љубезни со вас, но вие се однесувате нељубезно, барате доверба, а вие не верувате, сакате да ве почитуваат, но вие не почитувате, сакате да напредувате, а вие го спречувате напредокот на другиот, сакате богатство, а ги презирате парите, сакате да живеете во чиста околина, а самите загадувате и фрлате отпадоци насекаде, сакате љубов, но не верувате во нејзината величественост. Живеете живот на двојни стандарди водени од вашиот личен инетерс, но тоа не го приметувате кај вас и секогаш имате некое логично оправдување за вашите постапки, а секоја неправда нанесена на вас веднаш ја чувствувате и сакате одмазда. Многу често сретнувам луѓе кои во своите бизниси бараат начин да го избегнат плаќањето на данок, а зборуваат за нефункционирање на системот и неказнивост за крадците кои украле некоја голема сума на пари по нивна прецепција, но не сфаќаат дека да се украде и еден денар и милион денари е исто. И секој дава одговор: ,,Сигурно не е само до мене!“ Доколку секој се погледне себеси и започне со промената во себе во човек каков што сака да биде другиот, тогаш би живееле во поубаво општество. Идејата за промена на светот без длабоко разбирање на самиот свет и спознавање на човекот, претставува нескротлива сила.Сакаат да го променат светот, но не веруваат во моралната суштина на човечкото битие. Ако човекот настојува да го менува светот без стекната свест за себеси сопствениот живот, раководејќи се само од некоја апстнракта идеја за промена, може да се промени светот, но само на полошо.

Вистинското менување на светот започнува кога ќе ја слушнете и разберете вистината, кога вашето срце ќе го исполните со љубов, простување, надеж, верба , кога ќе се исчистите од негативните емоции,е тогаш вистински почнува преобразбата на поединецот , а со тоа почнува и преобразбата на целото човештво. Кога постапувате правилно во душата чувствувате блаженство и мир . Праведноста се искажува преку искреноста, чесноста, почитувањето на секој човек, неговиот живот, неговата личностм неговите зборови и најваќно почитување на неговата слобода.

Сите чекориме по својот животен пат трагајќи по нашата цел на нашето постоење, но честопати се губиме на тој пат гледајќи себично само за нас и нашето добро. А нашата цел е да сфатиме дека секој човек е дел од нас, дека ние сме една синергија на универзумот, една целина и дека сите сме подеднакво важни. Ќе ни стане јасно дека никој не е поважен од другиот без разлика на полот, возраста, бојата на кожата и религиозните уверувања. Кога ќе видиме некоја болка или неправда што ја преживува некој друг, ја чувствуваме неговата болка и ние, па зарем тоа не покажува дека сите сме едно?

Колку би било убаво сите луѓа на оваа планета да се водат од преубавите емоции на љубовта, радоста, среќата, алтруизмот, емпатијата, љубезноста затоа што водени од такви емоции човештвото би живеело во поубав свет на отворено срце, за доброто на сите нас!

ŠTA MISLITE?

100 Poena
Upvote Downvote

100 PUTEVA, 1 CILJ

ČISTO SRCE – ČISTO VIDI