МИЛАН КРАЈНЦ
Hамената на оваа книга е да претстави еден динамичен модел на лидерство кој се има докажано во над стотина случаи како одличен метод за надминување и на професионални и на лични кризи, како и за менаџирање на предиз- вици за тие да не се претворат во кризи.
Динамичниот модел на лидерство е една бизнис-парадигма за стратегиите за управување, организирање и комуницирање во една компанија, што спречува личните карактеристики на оние луѓе што фактички го обликуваат процесот на бизнисот да влијаат врз него.
Целиот модел е заснован врз законите на природата. Тој е развиен емпириски врз основа на знаењата собрани низ личните искуства:
„Уште како дете сакав да станам вајар што работи во дрво. Создавав нешта од работите што ги наоѓав дома, во шупата за дрва. Кога имав околу осум или девет години, во мојот живот влезе астрономијата. Во основно училиште се дружев со металски работници, со луѓе што се разбираат во материјалите. Како металург почетник се запознав со легурите и со составот на елементите и нивните својства за сврзување. И покрај тоа што ме влечеше астрономијата, откако го завршив средното образование решив да студирам физика.
На Педагошкиот факултет се запознав со основите на психологијата. Како член на Друштвото за интерпретирање на науката, една организација за научни комуникации, научив како да ја направам науката попривлечна и поразбирлива за општата јавност. Не можев да се видам себеси како учител, иако неколку години се обидував. Се обидов дури и да се образувам себеси во областа на психотерапијата, вклучително и во областа на разни модели и процеси.
Но мојата љубопитност ме одведе, всушност, во друга насока. Додека се обидував да им помогнам на разни компании да го оптимизираат нивното деловно работење, сфатив дека, во општ случај, изворот на проблемите не беше во организационите процедури, туку, напротив, во навиките – во свеста – на вработените. Уште една работа за којашто доста брзо станав свесен беше дека конкретните лични карактеристики на поединците имаат решавачко влијание врз текот на работењето, па благодарение на тоа ми беше доста лесно да ги предвидам нивните одлуки и натамошни постапки. Ме гледаа со недоверба и ме нарекуваа бизнис- „гаталец“. Им објаснував на оние што имаа недоверба кон мене дека во тоа што го пра- вам нема воопшто ништо натприродно и дека моите тврдења се поткрепени со законите на физиката, со функционирањето на својствата на основните сили итн.
Додека низ годините ги објаснував моите знаења и способности, ми стана јасно дека карактерот што најмногу влијае врз работниот процес е карактерот на директорот. Од термодинамиката знаев дека телото што располага со најголе- ма енергија влијае врз оние со помала енергија– коишто потоа се приспособуваат кон него. А од металургијата знаев дека тоа тело може да ги смени својата содржина и структура ако врз него доследно и во текот на доволно долго време се применува притисок.
Осознав дека мојата упорност со менаџерите се исплатува – дека ако го претворам образовниот процес во процес што вклучува обука и терапија, успевам да ги сменам нивните шаблони на однесување и да ги елиминирам изворите на критичните проблеми.
Знаењата со коишто се здобив на Институтот за реалитетна терапија и на Институтот за трансакциска анализа ми помогнаа на тој пат – со тие знаења можев методично да ги развијам техниките што во таа област ги имав спонтано воведено. Ми помогнаа и разните спиритуални техники – како што ми помогна и фактот што во личниот живот имав по- паѓано во тешки периоди. По мојот развод ми се врати назад сето она што со години го бев поттурнувал под килим. Наеднаш сето тоа ѓубре ми се имаше вратено во животот, но од тоа имав и полза. Тогаш сè се вклопи – најпрвин проблемите, а потоа начинот како да излезам од нив.
Знаев дека морам да се откажам од нездравите навики и одредени работи едноставно да ги заборавам. Знаев дека не смеам да се предадам.
Ги свртив мислите кон уметноста и културата, а маките ги совладував со физички активности. Знаев дека сум на вистинскиот пат, иако методот можеби сè уште не беше сосема присутен. На тој начин, врз основа на моите сопствени искуства и знаења, ги развив методот кој е основа на личната трансформација „Сириус“ и методот на бизнис-реорганизација што го нареков бизнис-трансформација „Сириус“.
Знаев дека комуникацијата мора да се регулира како течението на една река – бавно, постапно и без да се прекинува со ненадејни нарушувања, без градење брани. Промените во те- кот на работењето се воведуваат со бавно менување на шаблоните на однесување. Овој процес на внесување промени без шокови или трауми е она што јас го нареков динамичен модел на лидерство. Во тој процес се користат ментални вежби и организациони пристапи кои ни помагаат да се ослободиме од нашите товари од минатото низ седум фази на трансформација, по што сфаќаме дека целиот свет е внатре во нас и дека токму ние сме тие што треба да се развијат – и тоа однатре! Тоа е начинот на којшто можеме да си ја најдеме целта на постоењето и да ја развиеме посветлата страна на нашите животи“.